Во одложениот натпревар од 18.коло на Првата македонска фудбалска лига, попладнево на стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид, шампионот Вардар го победи последно пласираниот тим на табелата Гостивар со 2:1 и со освоените три бода се врати на водечката позиција на табелата.
Филип Петров во 34.минута им донесе водство на „црвено-црните“. Фљамур Таири пред крајот на првиот дел од пенал изедначи на 1:1. Победата за вардарци ја обезбеди Александар Петровиќ во 70.минута.
Овој дуел требаше да се одигра во неделата во Гостивар, но беше одложен поради снежна покривка на теренот.
До крајот за зимскиот дел од сезонава останува уште еден круг.
Табела: Вардар 33 бодови, Турново 31, Работнички 31, Пелистер 31, Металург 29, Ренова 24, Еуромилк 22, Брегалница 22, Шкендија 22, Македонија ЃП 16, Напредок 13, Гостивар 12.


