Фудбалерите на Работнички и на Пелистер денеска ќе го одиграат последниот реванш четвртфинален натпревар од Купот на Македонија.
Битолчани ќе влезат со предност, бидејќи на првиот дуел го искористија домашниот терен и победија со 1:0.
Натпреварот ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток во 13 часот.
Пласман во полуфиналето од ова натпреварување веќе имаат обезбедено Металург, Брегалница и бранителот на трофејот второлигашот Тетекс.


