Победа за Јотовски, пораз на Деари на фјучрсот во Шарм ел Шеик

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со победа стартуваше на фјучрсот во египетското туристичко место Шарм Ел Шеик откако денеска во 1.коло го победи Антон Десјатник од Русија со 6:1 и 6:2 во гемови.

Вториот македонски претставник во поединечна конкуренција Шендрит Деари го загуби мечот на „квалификантите“ од Антонио Кампо од Италија со 6:4 и 7:5 во гемови.

Противник на Јотовски во следното коло ќе му биде Енрико Бурзи од Италија (6.ностител), кој со 2:1 во сетови го победи Франсоа-Артур Вибер од Франција.

Во рамки на попладневната програма македонските тенисери ќе имаат мечеви и во двојки.

Јотовски со Србинот Пеџа Крстин ќе играат против Алберто Камарата и Пиерданио Ло Приоре од Италија.

Деари во комбинација со Стефан Мицов за противници ги имаат Германците Јулиен Онкен и Даниел Ухлиг.

Најчитани вести