Зголемувањето на државните плати и пензии одложено за 1 април

Зголемување на платите и пензиите ќе има, само дојде до мало одложување, децидни се во Владата. Станува збор само за неколку месеци разлика. Наместо сега, платите и пензиите ќе пораснат на први април. Според некои извори, по повод покачувањето, ширум државата ќе биде организиран маскенбал, но од Илинденска бб експресно стигна демант на овие тврдења.

gruevski

 

Тезата дека одложувањето е поврзано со денот на шегата, Груевски ја нарече “груба провокација и тенденциозна конструкција на порталите”. Тој вели дека поместувањето има чисто хумана и аутистичка (н.з. се мисли на алтруистичка) димензија.
– Работата е во тоа што во април ќе имаме избори. До тогаш планираме уште најмалку 400.000 вработувања во јавната администрација. Па, кажете ми, зарем овие луѓе не треба да ги фати покачувањето – реторички се запраша премиерот пред многубројните новинари, кои неколку секунди останаа неми на оваа досетка, а потоа, на знак на Илија Димовски, се чу громогласен аплауз.

извор: Коза Ностра, портал за сатира и измислени вести

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести