Се самоубила бидејќи пораката наменета на љубовникот ја испратила на сопругот

Гејл Крокер (46), се гледала со својот љубовник, колега полицаец, додека нејзиниот сопруг Питер (49) бил на службено патување во Лондон. Нешто подоцна таа вечер, мајката на две деца, испратила порака од нејзиниот мобилен телефон: „Ти благодарам за убавата вечер. Би сакала да се гледаме почесто.”

Сепак, по грешка ја испратила на нејзиниот сопруг. Кога се вратил дома таа му признала дека има афера со еден колега, но тврдела дека тоа им било прв пат. Следниот ден таа се јавила на работа дека е болна. Отишла на една фарма, неколку километри далеку од дома и со предозирање си го одзела животот.

Таа беше пронајдена мртва во автомобилот на 15-ти јуни оваа година.

Најчитани вести