По средбата на Советот за мото спортови минатата среда, ФИА го објави новиот календар за распоредот на трките за 2014 година.
Новата сезона ќе започне на 16 март во Мелбурн на трката за Големата Награда на Австралија, а ќе заврши на 23 ноември во Абу Даби. Две нови патеки се вметнати во календарот, ГН Австрија и ГН Русија. ГН Кореја го загуби своето место на календарот поради слабата посетеност, ГН Њу Џерси нема да се вози поради финансиски причини, а ГН Мексико е одложена бидејќи патеката сè уште не е подготвена.
Календарот за Ф1 2014:
16 март – ГН Австралија
30 март – ГН Малезија
6 април – ГН Бахреин
20 април – ГН Кина
11 мај – ГН Шпанија
25 мај – ГН Монако
8 јуни – ГН Канада
22 јуни – ГН Австрија (Ред Бул Ринг)
6 јули – ГН Велика Британија
20 јули – ГН Германија (Хокенхајм)
27 јули – ГН Унгарија
24 август – ГН Белгија
7 септември – ГН Италија
21 септември – ГН Сингапур
5 октомври – ГН Јапонија
12 октомври – ГН Русија
2 ноември – ГН САД (Остин)
9 ноември – ГН Бразил
23 ноември – ГН Абу Даби


