Робен го пропушта Светското клупско првенство

Фудбалерот на минхенски Баерн, Ариен Робен нема да настапи за својата екипа на Светското клупско првенство што ќе се игра во Мароко (11 – 21.декември). На вчерашниот натпревар од Купот на Германија со Аугзбург, Робен беше заменет во 16.минута поради повреда на коленото.

Робен на овој натпревар беше и стрелец на првиот гол за „баварците“ во четвртата минута.

Холандскиот репрезентативец ќе мора да паузира најверојатно шест недели, што значи дека нема да биде на располагање на тренерот Пеп Гвардиола и за последните три кола од Бундес лигата, како и за последниот дуел од групата од Лигата на шампионите со Манчестер Сити.

Најчитани вести