На денешната прес конференција во штабот на СДСМ, портпаролот на СДСМ Петре Шилегов ја обвини владата дека не може да го покрие долгот од 17 милиони евра, поради превработеност на кадри. Тој рече дека владата е во паника поради ова, затоа што главниот виновник е премиерот Никола Груевски, а наспроти тоа објави конкурс за нови 254 вработувања во јавната администрација
До портпаролот беше поставено новинарско прашање дека неговите тврдења ги негирал министерот Ивановски, кој рече дека нема да бидат проблем вработувањата за лицата примени во „Македонски шуми“ кои што Владата ги побара од општините водени од нив, туку само Куманово, Струмица и Кичево, не сакаат да вработат.
– Очигледно е признанието на самата Влада во овие документи, коишто ги имаме во наши раце, дека во општините, особено во секторот за образование има превработеност на кадри. Ваквото инсистирање на Владата до општините да вработуваат дел од 1.600 те примени во „Македонски шуми“, всушност ќе доведе до тоа и самите општини да бидат доведени во финансиски колапс, рече портпаролот на СДСМ.
-Нормално дека општина Куманово и општина Струмица, кои што имаат градоначалници кои што совесно ја извршуваат својата должност, да не се согласат заради каприците на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски да ги доведат општините до финансиски колапс, додаде Шилегов.


