(АУДИО) Во радио емисија го откри дека е неверен: „Што глумиш ти бре? Сулејман?“

Во емисијата “Цвеќарница” на Антена Загреб, слушателката Сандра одлучи да ја тестира верноста на нејзиното момче, Марко, кој во доцните ноќни часови почна да прима СМС пораки.

– Тој рече дека се работи за интернет банкарство, во кое јас навистина не верувам – рече Сандра.

Таа најде сомнителна порака на неговиот мобилен телефон, која била чувана под името “вулканизер”. Кога се јавила на бројот, од другата страна слушнала глас на жена.

За да ги потврди своите сомнежи, се јавила во емисијата, а водителката се јавила на нејзиното момче и му понудила бесплатен букет цвеќе, а тој само да каже каде сака да го испрати и со која порака. Сандра била на линија за да го слушне сето тоа …

– Би било добро да ми го испрати букетот мене. Мислам, за него ќе биде најдобро да ми го испрати мене – рече Сандра.

Но, наместо да го испрати букетот на својата девојка, Марко изјави дека сака букетот од рози да биде однесен на адреса на извесна Андреа.

– На картичката може да напишете “Биди трпелива” – изјави Марко.

Неговата девојка Сандра луто изреагирала.

– Што глумиш ти бре? Која е таа Андреа? Ти си некој lover boy! Сулејман? Ќе ти го ставам во уста тоа цвеќе – извика Сандра откако го потврди неверството на нејзиното момче. Марко од друга страна мислел дека сето тоа е шега и го мачело само тоа што Сандра го дала неговиот број на некој кој тој не го знае.

-Ма какво зезање! Немој да ми кажеш “ајде де“. Ќе биде подобро да не се појавуваш дома – ​​му се развика Сандра, а Марко ја спушти слушалката.

– Добро е што спушти слушалка и да не се појавува дома. Добив тоа што го сакав и ова ќе биде прекинато во рок од 15 минути, откако ќе го видам – рече Сандра.

Најчитани вести