Супер циклонот Xaver ја погоди северна Европа, а колкава е силината на ветрот кој дуваше, најдобро покажуваат снимките од аеродромот во Бирмингем. Ветрот, авионите Bombardier Dash 8 Q400 и Boeing 777, ги носеше како да се пердуви.
– Изгледаше како да го допревме тлото, а потоа одеднаш бевме назад во воздухот. Отидовме горе и долу, сè се затресе. Среќен сум што сум жив – рече Хејзл Бедфорд, пилот кој управувал со авионот кој летал од Лондон до Глазгов.
Авионот, претходно двапати се обидел да слета.
– Тоа беше страшно, јас бев апсолутно преплашен – изјави еден патник.
EasyJet им се извини на сите патници за непријатностите што ги доживеаја за време на летот.


