Американците, посебно њујорчани, наседнаа на еден сатиричен прилог на исто така сатиричниот портал The Onion, за новата стратегија на NYPD (Њујоршката полиција), “Стопирај и пребарај”, во кој се потсмеваат со нивниот нов приод кон граѓаните.
– Блумберг ја брани контроверзната програма на Њујоршката полиција „Застани го и бакни го“, се вика прилогот на сатиричниот портал The Onion, кој предизвика забуна кај многумина од граѓаните на Њујорк.
Во тој прилог биле наместени кадри како полицајците запираат и бакнуваат сомнителни лица на улиците на Њујорк, а водителката разговара со “професионални” гости за законитоста на таквата постапка.
Многу Американци кои го видоа прилогот на YouTube, поверуваа дека се работи за вистинска полициска програма, а со бројните коментари го искажаа својот бес и збунетост.
Видете го “контроверзниот” прилог.


