Чикаго Булс на домашен терен го победи Мајами Хит со 107:87 во еден од трите ноќешни натпревари во НБА лигата.
Карлос Бузер со 27 поени и девет асистенции ги предводеше „Биковите“ до осмата сезонска победа.
Во поразениот тим Леброн Џејмс беше најефикасен со 21 поен, недоволно да му помогне на Мајами да го избегне петтиот пораз сезонава.
На другите две средби победа за гостинските екипи, Бруклин – Њујорк 83:113 и Мемфис – ЛА Клиперс 81:101.
Вечерва се играат 10 натпревари: Шарлот – Филаделфија, Вашингтон – Милвоки, Атланта – Кливленд, Бостон – Денвер, Њујорк – Орландо, Хјустон – Голден Стејт, Њу Орлеанс – Оклахома, Феникс – Торонто, Портланд – Јута и Сакраменто – ЛА Лејкерс.
Пласман Источна конференција: Индијана 17-2 (победи-порази), Мајами 14-5, Вашингтон 9-9, Атланта 10-10, Детроит 9-10, Чикаго 8-9,…
Пласман Западна конференција: Портланд 16-3, Сан Антонио 15-3, Оклахома Сити 13-4, Хјустон 13-7, ЛА Клиперс 13-7, Денвер 11-7,


