Убедлива победа за Работнички против Вардар Апаве во Првата лига

Кошаркарите на Работнички во првиот натпревар од 10.коло од Првата кошаркарска лига вчеравечер постигнаа убедлива победа над Вардар Апаве со 107:69 (31:18; 26:10; 22:24 и 28:17).

Со овој тримуф тимот од „Градски парк“ останува на водечката позиција на табелата со скоро осум победи и еден пораз.

За „вардарци“ ова беше седми порази.

Најефикасни на натпреварот беа Душан Кнежевиќ со 26 поени и Дарко Соколов со 25 од Работнички, додека кај Вардар најпрецизен беше Урош Васиљевиќ со 16 поени.

Тешка повреда на скочниот зглоб заработи играчот на Вардар Апаве, Жарко Ѓуриќ.

Во ова коло другите двојки се: Пелистер Спорт – Лирија, Фени Индустри – Кожув и Куманово – Струмица. Сите овие дуели се играат утре, додека денес во 12 часот е натпреварот вон конкуренција меѓу Македонија Млади и Карпош Соколи.

Табела: Работнички 8-1 (победи-порази), Кожув 7-1, Лирија 6-2, Куманово 5-3, Струмица 4-4, Фени Индустри 3-5, Карпош Соколи 2-6, Вардар Апаве 2-7, Пелистер Спорт 0-8.

Најчитани вести