Тулуз освои бод на „Стад де Жерлан“

На последниот натпревар од 16.коло во Француското фудбалско првенство одигран синоќа на „Стад де Жерлан“ во Лион, екипите на Олимпик Лион и Тулуз одиграа нерешено 1:1.

Домаќините поведоа во 25.минута преку Александре Лаказет, а бод на Тулуз му обезбеди Мартин Бретвајт со голот постигнат на осум минути пред крајот на мечот.

Со по 20 бодови двете екипи се наоѓаат во вториот дел на табелата. Олимпик Лион е на 12.место, додека Тулуз е на 14.позиција.

Преглед на резултатите на другите натпревари од 16.коло во Лига 1: Евиан – ПСЖ 2:0, Ајачио – Бастија 1:1, Генгамп – Бордо 0:1, Монпеље – Лориен 0:2, Рен – Сент Етиен 3:1, Сошо – Ремс 0:2, Ница – Монако 0:3, Лил – Олимпик Марсеј 1:0 и Нант – Валенсиен 2:1.

Табела: ПСЖ 37 бодови, Лил 36, Монако 35, Олимпик Марсеј 27, Нант 26, Сент Етиен 24, Бордо 24,.

Најчитани вести