Џилијан Андерсон гола во кампања за заштита на рибите

Актерката Џилијан Андерсон, која се прослави по улогата на агентот Скали во серијата „Досие икс“, позираше гола во кампањата за заштита на рибите „Фишлов“. Нејзе ѝ се приклучија и други познати личности, кои интимните делови од телото ги прекрија со риби од различни видови.

Андерсон позираше со јагула околу вратот, која ѝ ги покри градите. Ѕвездата потпиша петиција со која се бара регулација на риболовот.

– Неверојатни животни кои живеат во океаните систематски се уништуваат со огромни мрежи кои фаќаат сè што ќе им се најде на пат. Треба да влијаеме на ЕП да изгласа закон за нивна заштита, се наведува во текстот на петицијата.

Петицијата се однесува на гласањето во Европскиот парламент на 10 декември, со што би можело да биде изгласан закон за забрана на деструктивниот облик на риболов во Атлантскиот Океан.

zivotnigola

Петицијата ја потпишаа диџеј Голди, актерот и режисер Жан Марк Бар, актерката Оливија Вилијамс, нејзината колешка Кабрита и новинарот Емануел де Бранте. Тие исто така позираа голи со рибите.

Најчитани вести