Нант го доби дербито против Олимпик Марсеј

Дерби дуелот од 17. коло во фудбалското првенство на Франција кој се играше вчера вечер во Марсеј го доби тимот на Нант, кој како гостин го совлада Олимпик со 1:0.

До победата и новите три бода Нанд сигнаа со голот на Американецот, Алехандро Бедоја во 16-минта од натпреварот.

Денешната програма ќе ја отворат лидерот на табелата Париз Сен Жермен и Сошо. Покрај овој натпревар денеска се играат и средбите: Сент Етијен – Евијан, Ремс – Ница, Валенсиен – Гингамп и Лориен – Рен.

Преостанатите три средби ќе се играат во недела, а двојките се: Бордо – Лил, Бастија – Олимпик Лион и Тулуз – Монпеље.

Табела:  Париз Сен Жермен 37 бодови, Лил 36, Монако 35, Нант 29, Олимпик Марсеј 27, Сент Етијен 24, Бордо 24.

Најчитани вести