Три натпревари во првата машка кошаркарска лига

Во првата машка кошаркарска лига на Македонија денеска ќе бидат одиграни три натпревари од 10.коло.

Во Кавадарци од 18 часот Фени Индустри ќе биде домаќин на второ пласираниот Кожув.

Во истиот термин во Битола, Пелистер Спорт за противник ќе ја има екипата на Лирија, а од 19 часот во Куманово истоимената домашна екипа го пречекува составот на Струмица.

Во првиот натпревар од ова коло одигран во четвртокот Работнички го победи Вардар Апаве со 107:69.

Табела: Работнички 8-1 (победи-порази), Кожув 7-1, Лирија 6-2, Куманово 5-3, Струмица 4-4, Фени Индустри 3-5, Карпош Соколи 2-6, Вардар Апаве 2-7, Пелистер Спорт 0-8 и Македонија Млади* 1-9 (игра вон конкуренција).

Најчитани вести