МЗТ Скопје гостува кај последно пласираниот Широки

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром попладнево гостува во Широки Брег, кај истоимената екипа во натпревар од 11.коло на регионалната кошаркарска АБА лига.

Македонскиот првак на гостувањето во Босна и Херцеговина кај последнопласираната екипа на табелата, ќе се обиде да ја прекине низата од три порази.

Воедно, МЗТ ќе се обиде да ја оствари и првата „гостинска„. Аеродромци на досегашните четири средби на гостински терен претрпеа исто толку порази.

Дуелот, Широки – МЗТ Скопје започнува во 17.часот и е прв од 11.коло во АБА лигата.

Останатите двојки од оваа рунда се: (сабота) Унион Олимпија – Мега Визура, Будуќност – Цедевита, Раднички – Крка, (недела) Шолнок – Партизан, Цибона – Игокеа и (понеделник) Црвена звезда – Задар.

Табела: Црвена Звезда 8-2 (победи-порази), Партизан 8-2, Цедевита 8-2, Цибона 7-3, Будуќност 6-4, Игокеа 6-4, Мега Визура 5-5, МЗТ Скопје Аеродром 4-6, Крка 4-6, Задар 4-6, Раднички 3-7, Шолнок 3-7, Унион Олимпија 2-8 и Широки  2-8.

Најчитани вести