ВИДЕО: Пораз на Челзи, само бод за Манчестер Сити

Екипите на Челзи и Манчестер Сити не успеаја да остварат победи на гостувањата кај Стоук и Саутемптон во попладневните натпревари од 15.коло на Премиер лигата.

Челзи е поразен на гостувањето кај Стоук со 3:2, а Манчестер Сити спасуваше бод во дуелот со Саутемптон играјќи нерешено 1:1.

Ваквите резултати ги искористи Ливерпул, кој со победата пред својата публика од 4:1 во дуелот со Вест Хем се проби на второто место на табелата.

На преостанатите два попладневни натпревара, Вест Бромвич Албион загуби од Норвич со 0:2, а Кристал Палас го победи Кардиф со 2:0.

Во првиот денешен натпревар Манчестер Јунајтед загуби од Њукасл со 1:0. Денешната програма ќе ја заокружат Сандерленд и Тотенхем.

За утре (недела) закажани се натпреварите Фулам – Астон Вила и Арсенал – Евертон, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Свонси – Хал.

Табела: Арсенал 34 бод (-1 натпревар помалку), Ливерпул 30, Челзи 30, Манчестер Сити 29, Евертон 27 (-1), Њукасл 26, Тотенхем 24 (-1) …

Најчитани вести