Во Првата македонска фудбалска лига денеска на програмата се натпреварите од 19.коло, а два од нив го носат приматот „дерби„. Во Турново, ќе играат второ и трето пласираните екипи на првенствената табелата Хоризонт и Работнички во дуел, кој ќе започне од 13 часот. Во истиот термин ќе стартуваат и средбите: Еуромилк – Металург, Македонија ЃП – Гостивар, Пелистер – Напредок и Ренова – Брегалница.
Вториот дерби дуел, воедно и последен натпревар од ова коло ќе се игра на арената „Филип Втори’’ во Скопје, каде лидерот на табелата Вардар ја пречекува тетовска Шкендија.
Табела: Вардар 33 бодови, Хоризонт Турново 31, Работнички 31, Пелистер 31, Металург 29, Ренова 24, Еуромилк 22, Брегалница 22, Шкендија 22, Македонија ЃП 16, Напредок 13 и Гостивар 11.


