Комплетирано 10.коло во кошаркарскиот шампионат на Македонија

На трите натпревари одиграни синоќа беше комплетирано 10. коло од Првата машка кошаркарска лига, во кое фаворитите славеа победи. Во Кавадарци, екипата на Кожув го победи Фени Индустри со 83:77, а гостинска победа славеше и Лирија, во Битола против Пелистер Спорт со 87:56. Единствено Куманово се радуваше пред домашната публика и тоа во дуелот со Струмица која ја победи со 86:71.

На натпреварот одигран во четвртокот Работнички – Вардар Апаве 107:69. Слободна во ова коло беше екипата на Карпош Соколи која во натпревар вон конкуренција ја совлада младата селекција на Македонија со 97:93.

Табела: Работнички 8-1 (победи-порази), Кожув 8-1, Лирија 7-2, Куманово 6-3, Струмица 4-5, Фени Индустри 3-6, Вардар Апаве 2-7, Карпош Соколи 2-6, Пелистер Спорт 0-8 и Македонија Млади* 1-9 (игра вон конкуренција).

Најчитани вести