Екипата на Хоризонт го доби дерби натпреварот против Работнички од 19-тото последно коло од есенскиот дел на Првата македонска фудбалска лига. На средбата одиграна во Турново, Хоризонт славеше победа со 3:0 над Работнички со трите голови на Дејан Блажевски.
На останатите четири натпревари постигнати се следниве резултати: Еуромилк – Металург 0:0, Македонија ЃП – Гостивар 4:0, Пелистер – Напредок 4:0 и Ренова – Брегалница 3:1.
Есенскиот дел ќе биде комплетиран вечерва со вториот дерби дуел, кој ќе се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје од 17 часот, каде Вардар ја пречекува тетовска Шкендија.
Табела: Хоризонт Турново 34 бодови, Пелистер 34, Вардар 33 (-1 натпревар помалку), Работнички 31, Металург 30, Ренова 27, Еуромилк 23, Брегалница 22, Шкендија 22 (-1), Македонија ЃП 19, Напредок 13 и Гостивар 11.


