За време на натпреварот од последното коло во бразилското првенство меѓу тимовите на Атлетик Парана и Васко Де Гама се случи голем инцидент кој го предизвикаа навивачите на двете екипи. Натпреварот кој иако бил од висок ризик со оглед на ситацијата на славниот бразилски клуб Васко Де Гама кој е во безизлезна ситуација и само со победа на овој натпревар може да обезбеди опстанок започнал без полициски сили. Истите биле заменети од приватно обезбедување кое ниту оддалеку не можело да се справи ситуација.
Крвавате сцени на трибините се смирени благодарени на специјалните полициски сили кои како во сцена од филм со хеликоптер за краток период слетале на теренот по што ситацијата е ставена под конторла. Првичните информации кои ги пренесуваат странските агенции говорат за најмалку тројца тешко повредени навивачи од кои едниот е во критична состојба.


