Висок пораз на Индијана кај Оклахома, Коби се врати но Лејкерси загубија

Кошаркарите на Индијана ноќеска претрпеа висок пораз на гостувањето кај Оклахома со 118:94. За Индијана ова е трет пораз во лигата, а Оклахома Сити ја постигна 10.та победа на домашен терен. Индијана во дуелот влезе како екипа со најдобра одбрана, но домашните одиграа ефикасно и предводени од Кевин Дјурант и Расел Вестбрук стигнаа до победата. Тандемот Дјурант – Вестбрук заедно постигнаа 62 поена (Дјурант 36, Вестбрук 26). Во редовите на Индијана, Пол Џорџ со 32 поена беше најефикасен.

Од ноќешните дуели за одбележување е враќањето на теренот на Коби Брајант од Лос Анџелес Лејкерс по паузата од осум месеци поради повреда. За 28 минути Брајант постигна 9 поени против Торонто.

Преглед на резултатите на ноќешните натпревари: Оклахома Сити – Индијана 118:94, ЛА Лејкерс – Торонто 94:106, Хјустон – Орландо 98:88, Детроит – Мајами 95:110 и Њујорк – Бостон 73:114.

Вечерва се играат дуелите: Шарлот – Голден Стејт, Филаделфија – ЛА Клиперс, Вашингтон – Денвер, Мемфис – Орландо, Јута – Портланд и Сакраменто – Далас.

Пласман Источна конференција: Индијана 18-3 (победи-порази), Мајами 16-5, Атланта 11-10, Детроит 10-11, Вашингтон 9-10, Бостон 10-12,…

Пласман Западна конференција: Портланд 17-4, Сан Антонио 15-4, Оклахома Сити 15-4, Хјустон 15-7, ЛА Клипрес 13-8, Далас 13-8,…

Најчитани вести