Пет репрезентации со две победи на Светското првенство за ракометарки

По одигрувањето на синоќешните натпревари од 2. коло во А и во Б групите од Свесткото првенство за ракометарки што се одржува во Србија, пет репрезентации имаат по две победи.

Во А групата се: Франција и Црна Гора, а во Б групата: Бразил, Данска и домаќинот Србија.

Резултати од 2. коло:

А група (се игра во Белград): Јужна Кореја – Холандија 29:26, Франција – Доминиканска република 27:10 и Црна Гора – Конго 35:9.

Табела: Франција 4 бодови, Црна Гора 4, Холандија 2, Јужна Кореја 2, Доминиканска република 0, Конго 0.

Б група (се игра во Ниш): Србија – Алжир 34:14, Данска – Јапонија 29:25, Бразил – Кина 34:21.

Табела: Бразил 4, Данска 4, Србија 4, Јапонија 0, Кина 0, Алжир 0.

Денеска во групите А и Б е слободен ден, а се играат натпреварите од 2. коло во групите Ц и Д.

Ц група (се игра во Зрењанин): Парагвај – Ангола, Шпанија – Полска и Аргентина – Норвешка.

Д група (се игра во Нови Сад): Тунис – Унгарија, Чешка – Германија и Австралија – Романија.

Најчитани вести