Фудбалскиот клуб Флуминенсе е првата екипа бранител на шампионскиот трофеј во Бразил, која ќе се пресели во понизок ранг на натпреварување, односно втората лига.
Клубот од Рио де Женеиро славеше победа над Баија со 2:1, но тој резултат не беше доволен за бранителот на шампионскиот трофеј да обезбеди опстанок во елитната лига.
Четирикратниот шампион на Бразил, сезоната ја заврши со 46 освоени бодови, колку што има и екипата на Крикуима, но Флуминенсе има една победа помалку.
Нов првак на Бразил е Крузеиро за кој ова е третата тутула во историјата.


