Кинезот Тао Хсиао (38) заедно со својата девојка биле на шопинг во еден трговски центар во источниот дел на земјата. По пет часа на купување нејзе повторно нешто ѝ фалело, па сакала да продолжи да купува. Очевидците велат дека го слушнале Тао како ѝ се жали на својата девојка дека има повеќе ќеси, отколку што може да носи, но таа сепак инсистирала да влезат во една продавница за чевли. Тој тогаш ѝ рекол дека таа има доволно чевли за целиот живот и нема потреба да купи уште еден пар.
Според кажувањата на минувачите кои во тоа време се нашле таму, таа тогаш почнала да вреска по него, да му вели дека е скржавец и дека ѝ го расипал Божиќното расположение. Додека двојката викала Тао ги фрлил кесите а потоа скокнал од балконот и се самоубил,
Портпаролот на трговски центар за медиумите изјавил дека овој период од годината за некои луѓе можат да биде многу стресен.


