Во најефикасниот натпревар од НБА лигата ноќеска Шарлот на домашен терен го победи Голден Стејт со 115:111. Јунак на натпреварот беше Кемба Вокер, кој ги даде последните 15 поени за својот тим од вкупно 31 поен колку што постигна на натпреварот. На спротивната страна кај Голден Стејт Стефан Кари постигна 43 поени. И за двајцата ова претставува рекорд сезонава.
Преглед на резултатите на ноќешните натпревари: Шарлот – Голден Стејт 115:111, Филаделфија – ЛА Клиперс 83:94, Вашингтон – Денвер 74:75, Мемфис – Орландо 94:85, Јута – Портланд 94:105 и Сакраменто – Далас 112:97.
Вечерва се играат осум натпревари: Кливленд – Њујорк, Индијана – Мајами, Торонто – Сан Антонио, Атланта – Оклахома Сити, Бруклин – Бостон, Детроит – Минесота, Чикаго – Милвоки и ЛА Лејкерс – Феникс.
Пласман Источна конференција: Индијана 18-3 (победи-порази), Мајами 16-5, Атланта 11-10, Детроит 10-11, Шарлот 10-11, Бостон 10-12,…
Пласман Западна конференција: Портланд 18-4, Сан Антонио 15-4, Оклахома Сити 15-4, Хјустон 15-7, ЛА Клипрес 14-8, Денвер 13-8, Далас 13-9,…


