Екипите на Сан Антонио и на Оклахома Сити постигнаа победи на ноќешните натпревари во НБА лигата и со тоа останаа при врвот во западната конференција. На деветте натпревари од ноќешната програма пет победи постигнаа гостинските екипи, а меѓу нив беа и Сан Антонио и Оклахома Сити.
Резулати на ноќешните натпревари: Шарлот – Орландо 83:92, Бостон – Лос Анџелес Клиперс 88:96, Мемфис – Оклахома Сити 100:116, Милвоки – Сан Антонио 77:109, Минесота – Филаделфија 106:99, Њу Орлеанс – Детроит 111:106 (продолжение), Њујорк – Чикаго 83:78, Сакраменто – Јута 101:122 и Голден Стејт – Далас 95:93.
Вечерва се играат два натпревара: Бруклин – ЛА Клиперс и Портланд – Хјустон.
Пласман Источна Конференција: Индијана 19-3 (победи – порази), Мајами 16-6, Атланта 11-11, Шарлот 10-12, Вашингтон 9-11, Детроит 10-13, Бостон 10-14,…
Пласман Западна конференција: Портланд 18-4, Сан Антонио 17-4, Оклахома Сити 17-4, Хјустон 15-7, ЛА Клиперс 15-8, Денвер 13-8,…


