(ВИДЕО) Нов неуспех на Монпеље во француската лига

Екипата на Монпеље продолжува со лошите резултати во француската Лига 1 откако синоќа загуби во првиот натпревар од 18.коло. Победа од 1:0 оствари Сент Етиен со голот на Макс Градел во 75.минута. За Монпеље ова беше трет пораз на последните пет натпревари на домашен терен.

На другите дуели од 18.коло играат: Рен – ПСЖ, Ајачио – Лориен, Евиан – Ремс, Генгамп – Монако, Нант – Тулуз, Ница – Сошо (денеска), Бордо – Валенсиен, Лил – Бастија и Олимпик Лион – Олимпик Марсеј (утре).

Табела: ПСЖ 40 бодови, Монако 38, Лил 36, Нант 29, Олимпик Марсеј 27, Сент Етиен 27, Бордо 27,…

Најчитани вести