Се вели дека Бог ги штити пијаниците и малите деца, но ова видео докажува дека штити и среќни луѓе. Снимката, која ви ја презентираме ќе ве остави со подзината уста.
Човекот кој мирно си одеше покрај оградата, која се наоѓа во близина на прометна улица, не можеше да замисли дека секунди ќе го делат од смртта.
Поточно, оградата беше удрена од автомобил, веднаш до местото каде што беше човекот, и се распрсна на сите страни.
Човекот, кој чудо го спаси или чиста среќа, продолжи по својот пат, како ништо да не се случило, но сигурно е дека навистина размисли за неговиот живот.
Настанот се случи во Мексико Сити.


