Тотален хаос (ВИДЕО): Неверојатен верижен судар

Надзорната камера во Висконсин, ја сними оваа неверојатна и смртоносна несреќа на автопатот прекриен со снег, во која беа вклучени најмалку 70 возила.

На почетокот на драматичната снимка се гледаат два автомобили кои возат многу побрзо отколку други возила, на патот прекриен со снег. Првиот силно удри во задниот дел на автомобилот пред него, додека другиот удри странично во возилото од десно.

Веднаш потоа настана хаос. Некои од возилата продолжуваа по патот, но постојано доаѓаа нови, од кои десетици удрија во веќе искршените автомобили, а некои од нив целосно слетаа од патот.

Точната причина за првата несреќа од која започна целата гужва, не е позната. Лос Анџелес Тајмс пишува дека сето тоа се случило во близина на Germantown, минатиот викенд.

Најмалку три лица загинаа, а повеќето од нив завршиле во болница поради повреди.