Поранешниот тренер на Моника Селеш, Пол Арбер, кој пред неколку дена исчезна, беше пронајден мртов во реката Vaikato, известуваат медиумите во Нов Зеланд.
Арбер, кој освен Селеш ја тренираше и Каролина Вознијацки, Жастин Енан и Бернард Томиќ, последен пат беше виден на 7-ми декември, со тројца неидентификувани мажи, а полицијата пронајденото тело во реката, го идентификуваше како негово.

– Се што можам да кажам е дека не постојат сомнителни околности во смртта, а понатамошната истрага ќе ја направи полицијата – рекоа од локалната управа, додека роднини и пријатели на Арбер не веруваат дека тој извршил самоубиство.


