Репрезентацијата на Данска синоќа во рамките на осминафиналето на Светското првенство во ракомет што се игра во Србија успеа да го елиминира европскиот првак Црна Гора. Минимална победа од 22:21 постигна Данска која во четвртфиналето во среда ќе игра против Германија.
Во редовите на Црна Гора ракометарките на Вардар СЦБТ, Јованка Радичевиќ постигна 2 гола, а Ана Ѓокиќ 1.
Германките во осминафиналето ја победија Ангола со 29:21.
Пласман во четвртфиналето изборија „вардарките“ од Франција Алисон Пино, Амадин Лејно и Сираба Дембеле откако ја победија Јапонија со 27:19.
Пино постигна 4 голови, Дембеле 2, а Лејно имаше 7 одбрани. Тие во четвртфиналето ќе играат против Полска, која оствари триумф над Романија со 31:29.
Денеска се играат другите осминафиналните дуели: Бразил – Холандија, Србија – Јужна Кореја, Унгарија – Шпанија и Норвешка – Чешка.


