Карл Џонс потпиша за МЗТ Скопје

Американецот Карл Џонс е нов играч во составот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром. Џонс (22 години, 180см) игра на позицијата плејмејкер, а во тимот на МЗТ доаѓа по три одлични сезони на универзитетот Сент Џозеф во НЦАА лигата, каде што во просек имаше 16.2 поени, 3 асистенци и 2.8 скока.

Информацијата која вчеравечер ја објавија неколку европски медиуми, денеска е официјализирана преку веб страната на клубот од Аеродром.

Со ангажирањето на Џонс се засилува конкуренцијата во тимот на позицијата организатор на играта. На тоа место досега стартер беше Никола Оташевиќ за кого се шпекулира дека ќе го напушти клубот по доаѓањето на Американецот.

Најчитани вести