Унгарија ја елиминира Шпанија во осминафиналето на Мундијалот во Србија

 Селекцијата на Унгарија ја елиминира Шпанија во осминафиналето, на женското Светско ракометно првенство кое се одржува во Србија.

Унгарските ракометарки одиграа фантастично прво полувреме кое го добија со пет голови разлика 17:12, а во вториот дел рутинирано ја одржуваа и зголемуваа предноста, па на крајот славеа победа со 28:21.

Противник на Унгарија во четвртфиналето  ќе биде подобрата селекција од дуелот меѓу Бразил и Холандија кој е во тек.

Последната четвртфинална двојка ќе биде позната вечерва по одигрувањето на осминафиналните дуели меѓу Србија и Јужна Кореја, односно Норвешка и Чешка.

Првите два четвртфинални парови се Полска – Франција и Данска – Германија. 

Најчитани вести