Ваљадолид ја искористи предноста од играч повеќе против Селта

 Фудбалерите на Ваљадолид синоќа постигнаа победа на последниот натпревар од 16.коло во Примера Дивизија искористувајќи го исклучувањето на противничкиот играч.

Во 56.минута играчот на Селта Чарлс доби втор жолт картон и за него натпреварот заврши. Предноста од играч повеќе Ваљадолид ја искористи за победа од 3:0.

Хет-трик постигна Хави Гуера и со седум голови се проби меѓу 10-те најдобри стрелци во Примера.

Ваљадолид со оваа победа е на 16.место со 15 бодови и ја прекина серијата од пет натпревари без триумф, додека Селта се наоѓа на 15.место со 15 бодови.

На врвот на табелата се Барселона и Атлетико Мадрид со по 43 бодови, а следи Реал Мадрид со 38.

Најчитани вести