Во Балканската кошаркарска лига – БИБЛ вечерва на програмата е македонското дерби меѓу Куманово и Кожув. Успешниот прв дел од сезоната за двете екипи, ги носи до меѓусебен дуел во борба за презимување на врвот на табелата. И двете екипи се со амбиции за учество на „Фајнл фор“ турнирот во регионалното натпреварување.
Куманово има блага предност поради тоа што настапува пред домашните навивачи, но тоа не му пречеше на Кожув при последниот меѓусебен дуел, кога гевгеличани победија во Куманово со 70:66 на натпреварот одигран на 30 ноември.
Минатата сезона овие две екипи немаа можност да играат меѓу себе во БИБЛ лигата, а оваа година ова ќе биде нивни прв меѓусебен дуел.
Двете екипи беа поразени во минатото коло, па денеска и Куманово и Кожув ќе бараат враќање на победничките патеки кое сериозно ќе ги приближи до посакуваната цел.
Натпреварот Куманово – Кожув почнува од 18 часот и 30 минути.
Табела: Куманово 12 бодови, Сигал Приштина 12, Куманово 11, Левски 10,


