Бошковски повеќе не е тренер на РК Вардар

Андон Бошковски повеќе не е тренер на ракометниот шампион на Македонија, Вардар. Смената на Бошковски доаѓа во пресрет на градското дерби со Металург, кое во вторник ќе се одигра во СЕХА лигата.

Според информациите, несогласувањата помеѓу Бошковски и сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, околу идните планови на клубот, довеле до смена на тренерот.

Истиот извор наведува дека на натпреварот со Металург, тимот може да го предводи тренерот на голманите Горан Симиќ, или, пак, легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков, кој неодамна е поставен за тренер на младинските категории на Вардар.

Бошковски, на клупата на Вардар, седна на 7.октомври, откако Зоран Кастратовиќ го раскина договорот со клубот.

Најчитани вести