Ракометарите на Металург го совладаа Вардар со 22:21 во натпреварот од регионалната СЕХА лига. Но, она што фрли дамка на дербито е повредата на Наумче Мојсовски од Металург. Македонскиот репрезентативец го повреди коленото во еден напад во средината на второто полувреме, а додека на него му се укажуваше помош, некој од гледачите со тврд предмет го погоди ракометарот на Вардар Тимур Дибиров во главата. Сепак, откако му беше укажана помош, Дибиров се врати во игра.


