Актуелниот европски фудбалски шампион Баерн Минхен е првиот финалист на клупското Светско првенство откако синоќа во полуфиналето го победи кинескиот претставник и азиски шампион Гуангжу со 3:0.
Германскиот првак одигра сигурно, доминираше на теренот, а отпорот на екипата предводена од прославениот тренер Марчело Липи, го скрши за само осум минути во периодот од 40 до 47 минута.
Головите за Баерн ги постигнаа Франк Рибери (40.минута), Марио Манџукиќ (44) и Марио Геце (47.минута).
Во второто полуфинале на ова натпреварување кое се одржува во Мароко вечерва од 20 часот и 30 минути ќе играат Атлетико Минеиро (Бразил) и домашниот претставник Раџа Казабланка.


