Сарач (ВИДЕО): Кој го пипна Трајко, кој? Никој. А јас бев физички нападнат

Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Светлана Карапетрова го повика колегата Ердоган Сарач и пратениците од опозицијата да му се извинат на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, бидејќи биле „во поход физички да се пресметаат со него“.

– Вака ли вие мислите да дојдете на власт, вака ли – праша Карапетрова, мафтајќи со фотографија од настанот на 24 декември минатата година.

Пратеникот Сарач ја праша Карапетрова дали не и беше срам додека аплаудираше при насилното изнесување на пратениците од опозицијата, во настаните од 24 декември.

– Јас одговорно тврдам, вам да ви правеа така ќе се качев на тоа место – рече Сарач, покажувајќи кон местото на претседателот на Собранието.

Никаде во светот не е забележано, пратеници со сила да бидат избркани од своето работно место, забележа пратеникот Ердоган Сарач.

– Не межајте баби и жаби! Кој го удри Трајко (Вељаноски н.з.)? Се качија тука, некој го пипна? Никој! Ама јас имам документ, од лекар од овде, дека сум физички нападнат – рече Сарач.