Пратеничката Весна Бендевска говорејќи по предлог законите за медиуми потенцираше дека носењето на овие закони е најсрамниот политички договор меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
– Има ли човек во оваа држава што верува дека ВМРО ДПМНЕ може да донесе европски закони. Ве уверувам дека ни Иво Ивановски не верува тоа. Ова е истата влада, истиот партиски концепт кој на 25 јули ја направи најсрамната трампа во историјата на Република Македонија. Тогаш се тргуваше, срамен политички пазар со кој Груевски му дозволи на Али Ахмети конечно да добие црно на бело за амнестија на воените злосторства, а ДУИ да ја подржи комплетната партизација на Советот за радиодифизија – рече Бендевска и додаде дека ова Груевски го направил веднаш после изборите во 2011 година бидејќи ја сфатил силата на медиумите, на независните медиуми.
– Затоа Груевски обезбеди партиски превласт на телото кое ја затвори А1, А2, Шпиц, Време и Коха ере и денеска со помош на ДУИ ќе ги донесе Закони за медиумски мрак во Македонија – рече Бендевска.


