Катар, кој посредуваше во мировните преговори меѓу САД и Иран, денеска соопшти дека потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу двете земји претставува „цврста основа“ за следната фаза од преговорите.
– Меморандумот претставува солидна основа за преминување во следната фаза од преговорите помеѓу американската и иранската страна, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар пред почетокот на техничките дискусии, што треба да почнат утре во Швајцарија.
Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан синоќа го потпишаа меморандумот за разбирање на англиски и на персиски јазик.
Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека договорот сега е во сила.
МИА


