(ВИДЕО) Дедо Мразовци со калашникови ограбиле златара во Тирана

Четворица вооружени разбојници маскирани во Дедо Мразовци на Бадник во предградие во Тирана ограбија златара, при што е украден златен накит во вредност од 410.000 долари, објавија локалните медиуми.

Инцидентот се случил на 24 декември во трговскиот центар Тирана, а разбојниците облечени во костими на Дедо Мраз успеале да поминат покрај обезбедувањето иако биле вооружени со два калашникови.

Снимките од надзорните камери покажуваат дека ограбувачите по влегувањето во златарата го впериле оружјето кон вработените, а потоа им го собрале накитот, ланчиња, алки и прстени, пикајќи ги во две големи торби.

Само две минути подоцна тие побегнале од дуќанот кон возило во кое ги чекал нивниот соучесник.

Подоцна тој автомобил е пронајден запален, а крадците побегнале без трага.

Албанската полиција работи на разрешување на овој грабеж, во кој за среќа нема повредени.

ИЗВОР: Лидер

Најнови вести

Најново од Балкан, Топ Вести

Најчитани вести