Социјалдемократите вечерва во Струмица го прославија завршувањето на една и наближувањето на нова година, а со своето присуство ги почести и претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев.
Тој рече дека оваа година што помина не е било каква година и социјалдемократите ќе ја паметат по многу работи, започна со протести, со отпори, избори, битки, сиромаштија, година кога младите се уште заминуваат од родните огништа и како година која не треба да се повтори.
-Се надевам годината што ќе дојде ќе биде мноу посреќна и мноу поуспешна, побериќетна за сите граѓани – посака Заев.


