(ВИДЕО) Еве како децата во Авганистан си играат „Бомбаш самоубиец“

Наместо брканица, фудбал, пипни-стој или некоја слична игра за деца, во Авганистан малите момчиња си ираат „Бомбаш-самоубиец“. Снимката од една ваква игра заврши на Јутјуб и го обиколи светот.

Момчето во улога на бомбаш-самоубиец најпрво се поздравува со своите другари и роднини, а потоа оди во „поход“.

Едно од другарчињата глуми стражар и се труди да го запре, но бомбашот сепак успева да ја исполни својата цел. Потоа едно од учесниците во играта фрла песок во воздухот и симулираат експлозија.

По „експлозијата“ децата се фрлаат наоколу и кога прашината стивнува нивните соиграчи набрзина доаѓаат да видат дали има преживеани во нападот.

Ова видео најдобро ја покажува грубата средина во која растат децата во Авганистан.

]]>

Најчитани вести