(ФОТО) Перверзија: Погледнете како изгледа фустан од чисто злато

Златниот фустан направен од 78.000 парчиња на злато, тешки 3 кг, кој и покрај цената од 300.000 турски лири, или повеќе од 150.000 евра, го имаат купено осум лица, пренесува Агенцијата Анадолу (АА).

Овој фустан е направен од страна на еден златар во турскиот град Кахраманмарас.

Сопственикот на компанијата која што ги има дизајнирано и продавано овие фустани, Ахмет Aтакан за АА  вели дека направиле дизајн за кој никој немал храброст да го стори тоа претходно. Тој додаде дека нивниот приоритет е производство на златен накит, но дека пред шест месеци почнале да произведуваат и златни фустани и дека конечниот производ е составен од 22-каратно злато. За правење на овој златен фустан се потребни седум работници, кои на него ќе работат 15 дена.

fustan

Тој не верувал дека продажбата на овој фустан ќе биде лесна, но таа всушност поминала многу добро. -Досега се продадени осум вакви фустаним а имаме нарачки и за други, така што ќе продолжиме да правиме уште, изјавил Атакан. zlaten_fustan]]>

Најчитани вести