Велат дека новогодишните празници се најромантичните денови од годината, но сега тие и официјално се прогласени за најдобриот период за предлагање на брак.
На прво место на најпопуларните денови од годината за понуда за брак, со 32 отсто од гласовите, е Бадник, а Ноќта на вештерките е на петтото место, покажуваат резултатите на една анкета направена во Британија.
Дури 51 проценти од жените сакаат партнерот едноставно да ги праша: „Ќе се омажиш ли за мене?”, 15 проценти од жените сметаат дека може да се искористи и модерната технологија, а дури 29 отсто од жените би сакале партнерот да им предложи брак преку е-маил.
Популарни се и СМС пораките (дури 27 отсто), а запросувањето преку телефон е на последното место.
Интересен е фактот дека 65 отсто од мажите велат дека ќе речат „не“, кога би ги запросила нивната девојка.
Идеален ден за запросување според жените е:
– Денот на вљубените – Годишнината од првата средба – Бадник – Божиќ – Нова Година – Неговиот роденден – Нејзиниот роденден – Ноќта на вештерките
Идеален ден за предлагање брак според мислењето на мажите:
– Бадник – Денот на вљубените – Годишнината од првата средба – Ноќта на вештерките – Божиќ – Новогодишната ноќ – 1. јануари – Неговиот роденден – Нејзиниот роденден
]]>


