По повеќечасовно чекање на скопскиот аеродром „Александар Велики“ македонската ракометна репрезентација со автобус тргнaа кон Софија од каде доцна попладнево заминува за Данска на европскиот шампионат.
Слабата видливост беше причината поради која нашите ракометари, претставниците на медиумите и стотина навивачи не успеаја планирано да полетаат од скопскиот аеродром во девет часот утринава.
Македонија веќе утре на првиот ден од натпреварите на европскиот шампионат ќе има тешка задача во дуелот со домаќинот и актуелен европски шампион Данска.
]]>


